Достапни линкови

Кина ќе и позајми на Украина 950 милиони долари


Кина соопшти дека ќе и даде кредит на Украина од околу 950 милиони долари за изградба на пруга меѓу главниот град Киев и главниот аеродром во таа земја. Според новинските извештаи Украина ангажирала кинеска компанија која во рок от три години треба да ја заврши изградбата на железницата. Украинскиот претседател Виктор Јанукович кој престојува во Пекинг веќе го потпишал договорот за кинескиот кредит.
XS
SM
MD
LG