Достапни линкови

Во Њујорк можна средба Груевски, Папандреу?


,,Не е исклучена средба меѓу премиерите на Грција и на Македонија Јоргос Папандреу и Никола Груевски на маргините на Генералното собрание на ОН ако двајцата бидат во Њујорк во исто време и ако дозволува нивната агенда, изјави портпаролот на грчкото министерството за надворешни работи Григори Делавекурас. Грчката страна побарала средба и со медијаторот на Метју Нимиц и со него би требало да се состане заменик шефот на дипломатијата Димитрис Друцас. Делавекурас на вчерашната прес конференција најави и дека Атина ќе побара објаснување за изјавата на американскиот амбасадор во Скопје Филип Рикер дека спорот за името треба да се реши со замена на референцата ПЈРМ без промена на уставното име и на Уставот на Македонија.
XS
SM
MD
LG