Достапни линкови

logo-print

Убиства во скопската населба Аеродром


Три лица се убиени во вооружен напад што се случи синоќа околу 20 часот во рибен ресторан кај Три бисери во скопската населба Аеродром. Според очевидците, вооружен маж влегол во ресторанот и пукал кон една од масите. Потоа, без многу брзање, излегол оставајќи ја автоматската пушка, влегол во автомобил и заминал. Едно од лицата починало веднаш , а две биле ранети, но им подлегнале на повредите во Ургентниот центар. . Во недостиг на официјални информации , во јавноста се шпекулира дека меѓу убиените има припадници на Министерството за внатрешни работи. Од таму најавија подетални информации во текот на денов.
XS
SM
MD
LG