Достапни линкови

Израелците и Палестинците стартуваа серија директни преговори


Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас по вчерашната средба се договорија да одржат серија директни разговори и повторно ќе се сретнат и ќе продолжат со преговори кон средината на месецов. Ова го потврди специјалниот американски претставник за Блискиот Исток, Џорџ Мичел кој додаде дека тие се согласиле да се среќаваат на секои две недели. Мичел нивната средба ја оцени како „ долга и продуктивна“ на која и Абас и Нетанјаху се сложиле во осудата на секое насилство кон циливите и заедно ќе работат на одржување на безбедноста.
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ќе учествува во израелско – палестинските преговори кои ќе се одржат на 14-ти септември. Таа изјави дека овие двајца лидери ја имаат можноста да стават крај на конфликтот.
Американскиот претседателт Барак Обама им даде една година рок да завршат со преговорите. Хамас која владее во областа Газа одби да учествува во преговорите и се закани дека ќе продолжи со нападите врз Израел.
XS
SM
MD
LG