Достапни линкови

Албанија доби подарок од САД вреден 5 милиони долари


Албанија соопшти дека Соединетите Американски држави и подариле три патролни чамци за крајбрежната стража за да им помогне во борбата со тероризмот, организираниот криминали и нелегалната трговија со луѓе. Албанското министертво за одбрана соопшти дека три патролни бродови им се веќе предадени а дека уште два ќе добијат следната година. Во соопштението на министерството се вели дека американската крајбрежна стража го обучила албанскиот екипаж да ги користи патролните чамци кои вредат 5,3 милиони долари.
XS
SM
MD
LG