Достапни линкови

Грција сака решение за Косово донесено со европски коненсус


Грција сака решение за Косово што ќе биде резултат на консензус од 27-те држави-членки на Европската унија и Србија и таа ќе поддржи таква позиција во Генералното собрание на Обединетите Нации.Ова го изјави портпаролот на грчкото министертво за надворешни работи, Григорис Делавекурас, пренесува новинската агенција МИА.Тој додаде дека грчката Влада преку Агендата 2014 успеала да ја оживее дебатата за европската иднина на Западниот Балкан во рамки на Европската унија. Резолуцијата која Србија ја поднесе по мислењето на Меѓународниот суд на правдата за легалноста на прогласената независност на Косово, треба да се најде на дневен ред на Генералното собрание на Обединетите Нации на 9 септември.
XS
SM
MD
LG