Достапни линкови

Русија нема да ја укине забраната за извоз на жито


Рускиот премиер Владимир Путин изјави дека Русија, најголемиот производител во светот, нема наскоро да ја укине забраната за извоз на жито. Тој нагласи дека укинувањето на забраната може да се разгледува дури по жетвата, наредната година.
Сушите и пожарите, летово уништија една четвртина од приносите во Русија. Претходно, Путин потпиша указ со кој се забранува извозот на жито од 15 август до 31 декември годинава, но со можност владата да ја продолжи забраната и наредната година. Портпаролот на Путин потврди дека забраната нема да престане на 31 декември.
XS
SM
MD
LG