Достапни линкови

Политичкиот дијалог деблокиран?


Собрание на РМ
Собрание на РМ

СДСМ најави и поддршка за Деловникот. За другите опозициони партии Деловникот и натаму е неприфатлив.

Пратениците на СДСМ ќе се појават на координација во понеделник, соопштија од Партијата, при што повторно го нагласија ставот дека ќе прифатат било каков деловник. Од НСДП велат дека имаат усогласен став со социјал – демократите, додека пак од Нова Демократија се изјаснија дека нема да ги подржат измените во деловникот. Од ЛДП, пак, велат дека нема да подржат „било каков деловник“.
Какви точки ќе има на дневен ред на оваа координација како пратеничка група сеуште не сме запознати.

Пратеничката на Социјал Демократскиот Сојуз Цветанка Иванова вели дека СДСМ ќе се појави на координација та во понеделник бидејки партијата така одлучила:

,,Какви точки ќе има на дневен ред на оваа координација како пратеничка група сеуште не сме запознати."

Иванова го повтори ставот на партијата, дека СДСМ ќе прифати било каков деловник предложен од парламентарното мнозинство.

,,Затоа што сметаме дека во овие клучни моменти за Македонија, поважно е Република Македонија да добие датум за преговори, преоден извештај од било кое друго прашање."
Значи мнозинството погрешно го разбира дијалогот по се изгледа. Тоа што е потребно, е да се земат предвид и сугестиите од страна на опозиционите политики партии, не е работата дијалогот само да биде некоја формална седенка или разговор

Пратеникот на Нова Демократија Сулејман Рушити забележува дека при политичкиот дијалог во собранието, потребно е власта да ја слуша опозицијата:

,,Значи мнозинството погрешно го разбира дијалогот по се изгледа. Тоа што е потребно, е да се земат предвид и сугестиите од страна на опозиционите политики партии, не е работата дијалогот само да биде некоја формална седенка или разговор."

Освен пратениците на Нова Демократија и од Либерално Демократската партија сметаат дека дијалогот меѓу власта и опозицската СДСМ е „обична фарса претворена во битка за задоволување на партиски и лидерски суети“. Пратеникот на либерал-демократите Андреј Жерновски вели дека СДСМ и ВМРО имаат можност да изгласаат било каков деловник:

,,Ние како што кажав и претходно ќе продолжиме и понатаму да се бориме многу силно за еден деловник кој што е користен за собранието, за демократијата, а тоа како ќе се однесува СДСМ тоа е нивна работа. Јас го оценувам ова како крајно несериозен потег."

Од ДУИ, пак, сметаат дека дијалогот мора да продолжи. Пратеникот од оваа партија Рафиз Алити вели дека местото на опозицијата е во собранието:

,,Во конкретниот случај секако дека координаторите на пратеничките групи од опозицијата и заменик претседателот од редовите на опозицијата, секако дека самото учество на координациите е во интерес на собранието и на граѓаните."
XS
SM
MD
LG