Достапни линкови

Можно решение за името со придавката ,,Република Вардарска Македонија", оставките меѓу владините функционери, дел од темите во дневниот печат.

,,Нова Македонија,, во вторникот објавува бомбастична вест повикувајќи се на својот истоименик, ама од Грција, тамошниот весник што исто така се вика ,,Македонија,,, па вели дека ,,Договор има, се чека да поминат изборите во Грција?,, Имено, тој грчки весник, пак, повикувајќи се на свои дипломатски извори, тврдел дека тајната дипломатија на Скопје и на Атина што се одвивала летово дала резултати: договорено име ,,Република Вардарска Македонија,, за јазикот ,националноста и пасошите имало двојно решение, а Уставот
Весници, неделници, магазини...
немало да се менува. И ,,Вечер,, пренесува пишување на грчки весник, на ,,Етнос,, задржувајќи го дури и неговиот наслов дека ,,САД го потапкаа Скопје по рамо,, затоа што Вашингтон де факто застапувал двојно решение за проблемот со името. Имено, Грците биле збунети од неодамнешното интервју на амбасадорот Рикер во Скопје за ТВ Алфа - дали тој искажал лични или ставови на Администрацијата во Вашингтон. Бидејќи реакции на овие грчки реакции од нашиот естаблишмент – нема, останува да се види колку и дали се ова редовни пробни балони и подготвување на јавноста во двете земји за нешто како скотешен компромис околу името или не. Исто така ,,Вечер,, пренесува и реакции на грчката ТВ ,,Скај,, и на некои интернетски страници дека ,,Милошоски шири национализам и нова пропаганда,, а пропо фотографијата со неговиот син кој на кошаркарскиот натпревар Македонија-Велика Британија, во раката држи не официјалното, државно знаменце, туку она со ѕвездата на Вергина. Во врска со неколкуте оставки, пред некој ден, на функционери на ВМРО-ДПМНЕ од една од двете функции на кои беа речиси четири години и земаа двојни плати, ,,Нова Македонија,, забележува дека ,,Функционерите му се полојални на Груевски отколку на Антикорупциска,, а имено затоа што според Законот, тие требале прво да ја информираат Комисијата за своите потези. ,,Утрински,, коментира дека со овој потег, со новиот закон за скратување на мандатот на антикорупционерите и со недоделување пари со ребалансот на буџетот за натамошно работење, власта, всушност, го уништува овој состав и се подготвува за нова антикорупциска со свои луѓе. ,,Дневник,, информира дека ,,Тргна возот на државни вработувања,, 5 илјади според Владата, а 30 илјади според опозицијата, наводно, како што тврдела Владата, според барањето на Брисел, со што треба да се заменат привремено вработените со редовно вработени. Инаку, сите медиуми без исклучок со критички текстови поради немарноста на полицијата и толерирањето на разни насилнички банди во главниот туристички центар, редовно известуваа за последната трагедија во Охрид, претепувањето до смрт на младиот белграѓанец по кавгата во ноќниот бар ,,Куба Либре,,. Еве само некои од насловите: ,,Утрински,,: ,,Охрид-заложник на насилници,,; ,,Дневник,,: ,,Обезбедувачи ја убија безбедноста во Охрид,,; ,,Нова Македонија,,: ,,Сезона завршена со погреб,,.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG