Достапни линкови

Рамазански вечери со претседателот Иванов


Муслимански верници на рамазанска вечера

Муслимански верници на рамазанска вечера

Во пресрет на Рамазан претседателот Иванов во посета на Дебар. Порача дека верува во зачувувањето на соживотот, од ИВЗ пак уверуваат дека нема раскол меѓу верниците.

На Рамазанскиот Ифтар што Исламската Верска Заедница во Македонија го организираше во Дебар со присуство и на претседателот на државата, претседателот Ѓорге Иванов ја изнесе оценката дека верува во зачувувањето на соживотот во Република Македонија, додека пак претседателот на ИВЗ, Реис Ул Улема Сулајман Реџепи рече дека во Исламската заедница нема раскол меѓу верниците. Пред 13- те муфтии колку што ги има во Република Македонија, македонскиот претседател порача дека многу е битно да се зачуваат добрите традиции на толеранцијата меѓу припадниците од различните вери.
Верувам во соживотот во Македонија, и тој треба да се негува. Традициите кои ги имаме треба да се почитуваат, а оние кои ги имаме заборавено треба да ги обновиме, затоа што господ е еден
И покрај тоа што има манипулации од разни личности и групации кои не и мислат добро на Република Македонија и на Исламската верска заедница и воедно сметаат дека има раскол во ИВЗ, јас ве уверувам дека во ИВЗ се гордееме што никогаш не била поединиствена


,,Секогаш Дебар бил град каде што соживотот бил на цена. Дебар бил пример за соживот. Лично се уверив во тоа и во моментот кога не снајде едно зло кога се запали манастирот Свети Јован Бигорски кога пожарот го гаснеа заедно и муслимани и христијани и Албанци и Турци и други. Верувам во соживотот во Македонија, и тој треба да се негува. Традициите кои ги имаме треба да се почитуваат, а оние кои ги имаме заборавено треба да ги обновиме, затоа што господ е еден."

рече претседателот Иванов.
Првиот човек на ИВЗ во Македонија Реис Ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи ги осуди поединците и групите од Исламската вероисповед кои, како што рече, се против ИВЗ и Република Македонија:

,,И покрај тоа што има манипулации од разни личности и групации кои не и мислат добро на Република Македонија и на Исламската верска заедница и воедно сметаат дека има раскол во ИВЗ, јас ве уверувам дека во ИВЗ се гордееме што никогаш не била поединиствена. Ние се надеваме дека тоа единство ќе го заштитиме и браниме и во наредниот период. ИВЗ има многу добри односи со сите верски заедници во државата, и не случајно е формиран заеднички меѓуверски Совет во кој учествуваат пет верски заедници во РМ. Ние секогаш ќе ги браниме нашите вредности, соживотот и толеранцијата и ќе го почитуваме соживотот во државата без разлика на етничката и верската припадност."

нагласи Реџепи.
Минатата година во Гостивар, а оваа година во Дебар, ИВЗ организира Ифтари (рамазански вечери) со учество на претседателот на Македонија. Овие ифтари ќе станат традиционални велат во ИВЗ. На дебарскиот ифтар присуствуваа и претставници на Православната црква во Дебар.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG