Достапни линкови

Сомнително македонско месо во Босна


Министерството за надворешна трговија и економски односи на БиХ соопшти дека спроведува активности во врска со увозот на месо од Македонија, откако босанските месопреработувачи се пожалија дека увозот од Македонија е двојно зголемен и оти нема докази за потеклото на месото.
Министерот за надворешна трговија на БиХ Младен Зиројевиќ изјави дека Министерството дошло до податоци кои предизвикуваат сомнеж во валидноста на доказите за потекло на производите од животинско потекло кои во БиХ влегуваат од Македонија.
На наше барање, комисијата од БиХ да направи проверка, Македонија одговори негативно, изјави Зиројевиќ за Радио Слободна Европа.
XS
SM
MD
LG