Достапни линкови

logo-print

Стојановски во посета на командата на НАТО во Неапол


Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски од денеска престојува во дводневна официјална посета на Командата на здружените сили на НАТО во Неапол, Италија.
Тој ќе се сретне со првиот човек на Командата, адмирал Марк Фицџералд, а како што најави ГШ на АРМ, ќе се разговара за состојбата во регионот, идниот развој на структурата на силите на АРМ, придонесот на македонската армија во мисиите водени од Алијансата и за промоција на армискиот полигон „Криволак“.
Началникот на Генералштабот на АРМ Стојановски при посетата на ќе биде придружуван од американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер, соопшти амбасадата на САД.
XS
SM
MD
LG