Достапни линкови

Руската полиција упадна во редакцијата на неделник


Руската полиција денеска упадна во редакцијата на опозицискиот неделник ’Новото време‘, познат по објавување истражувачки стории за корупција на високи функционери. Заменик-уредникот на неделникот се сомнева дека упадот е поврзан со текст што го објавил неделникот за полициската единица за справување со демонстрации ОМОН. Неделникот е под истрага за клевета.
Пред неколку месеци весникот објави дека единицата ОМОН добива пари за обезбедување на бизнис-објекти и домови, им наплаќа на проститутки и оти ги користи централноазиските мигранти како „робови“.
XS
SM
MD
LG