Достапни линкови

Пораст на семејното насилство


Семејно насилство

Семејно насилство

Во падот на моралните вредности, но и постојаната медиумската експлоатација на темите од црната хроника, експертите ги наоѓаат причините за растот на семејното насилство.

Она што некогаш беше на осма или девета страница од дневниот печат сега е на насловните. ,,Син го држи во заложништво своето семејство", ,,Татко извршил насилство врз своите деца". Различни се оценките на аналитичарите за мотивите. Дел од нив велат дека негативните појави како психопатологијата отсекогаш постојат, но можно е да расте свесноста за нив и тие се пријавуваат. Но, постои и друга димензија. Комуниколозите забележуваат дека не постои баланс каде еден здрав функционален јавен сервис ќе ги балансира темите што доминираат во медиумите. Според комуникологот Сеад Џигал форсирањето на црната хроника е резулатат на нов медиумски контекст во кој претежно медиумите се интересираат да ја зголемат својата посетеност:
Користејќи го тоа денеска приватните медиумите ги форсираат таквите теми


,,Се работи за еден основен човеков инстикт кога ќе почувствува некој вид на закана, на страв, тој се фокусира врз изворот на таа закана обидувајќи се да добие што повеќе за тоа, како некој вид на одбрамбен механизам. Користејќи го тоа денеска приватните медиумите ги форсираат таквите теми."

Психолозите не исклучуваат дека е возможно да е во пораст семејното насилство и девијацијата поради промените во социјалната средина во смисла на еконономска криза, а и транзицијата како распад на традиционалните системи. Некои мотивите ги бараат и во
Транзицијата не значи само промена во економијата, значи и промена во составот на семејството, промена на моралните и етичките можности што до тогаш постоеле. Факт е дека ние сме долго време во една таква ситуација
последиците од војните и конфликтите на териториите на поранешна Југославија како можен предизвикувач на агресивност кај луѓето:

,,Транзицијата не значи само промена во економијата, значи и промена во составот на семејството, промена на моралните и етичките можности што до тогаш постоеле. Факт е дека ние сме долго време во една таква ситуација."

вели Соња Алексич Вуковиќ психијатар и психоаналитичар. Ова се социјални проблеми кои најмногу треба да ги третира министерството за труд и социјална политика. Душко Миновски од министерството за труд и социјална политика, вели дека социјалните центри во внатрешноста се пребукирани со работа поради недостаток од нов кадар. Подобра е ситуацијата во поголмите градови каде постојат специјализирани тимови кои работат за различни области како деца без родители, случаи на развод на брак, насилство и слично:

,,Целата оваа ситуација бара организиран пристап во соработка и со Министерството за правда околу зголемување на казните за сторителите на овие дела, потоа со Министерството за здравство околу санација, невропсихијатриски дел итн.. така да мораме координирано да настапуваме за да ги спречиме овие несакани појави."

Инаку внимателните аналитичари забележале дека кога теми доминираат од црна хроника, криминалот расте. Тоа значи дека кога медиумите форсираат теми од црна хроника и од сферата на патологијата попуштаат моралните стеги и кај јавноста. За жал во систем на изместени вредности кај луѓето стануваат идоли и ликовите од црната хроника. Психолозите сугерираат акцент да се стави врз едукација во однос на појавите за кои се известува, а не смо врз шокирање на јавноста.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG