Достапни линкови

Деловникот во вторник?


Можни ли се предвремени избори по самиот на НАТО во ноември?
Можни ли се предвремени избори по самиот на НАТО во ноември?

Политичките партии со различни реакции за најавата на СДСМ дека не се откажува од предвремни избори. Експертите пак велат `можно е да се подготвува терен, но со оглед на актуелните рејтинзи, не е извесно дека би се случиле.`

Претседателот на Паралментот, Трајко Вељановски денеска изјави дека очекува опозициските партии да се појават на редовните координативни средба и апелираше да се врати Демократската партија на Албаниците во Собранието.

„Доколку добијам таков сигнал од опозицијата ке го ставам на собрание текстот на деловникот во вторник и се надевам дека ке се донесе“

Вељановски вели дека со тој Деловник ќе се зголемат правата на опозицијата и демократскиот капацитет на собранието.

Најголемата опозициска партија,СДСМ вчера најави дека ќе се откаже од своите барања за деловникот и за формирање на собраниска комисија за трошење на народните пари, за како што изјави претседателот на партијата Бранко Црвенковски, да му го одземе алибито на Премиерот, со кое тој би ги обвинил дека се кочничари на европките интегративни процеси.

Реакции

Различни се реакциите на партиите по најавата за СДСМ дека не се откажува од борба за предвремени избори по самитот на НАТО во ноември. Андреј Жерновски од опозицикста партија ЛДП вели дека Бранко Црвенковски само употребува стара стратегија со која повикува на предвремени избори но воопшто не ги посакува истите да се случат набрзо и сето ова е зборување во празно:
Затоа што му е јасно каков е рејтингот на неговата партија, ако вистински сака предвремени избори нека даде иницијатива во Собранието
на РМ.


„Затоа што му е јасно каков е рејтингот на неговата партија, ако вистински сака предвремени избори нека даде иницијатива во Собранието на РМ.“

СДСМ во дослух со ДУИ!?

Пратеникот Тахир Хани од ДУИ смета дека ова е нормална реакцијата на опозициска партија да се бори да дојде на власт.

„Оваа промена на оваа партија, можно е да предвидуваат или да се чувствуваат силни дека би ги добиле парламентарните избори за да дојдат на власт, тоа е нормално во едно демократско општество.“

Еден од начините СДСМ да издејствува предвремени избори е да соработува со ДУИ. Хани не сака да коментира по ова прашање.
Министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски го обвинува Бранко Црвенковски за калкулантско однесување. Откажувањето на СДСМ од барањата за Деловникот за Жерновски е крајно несериозно.

„Ние заедно како опозиција водиме битка да има Деловник, не поради моменталната опозиција, туку поради било која друга опозиција затоа што тоа е добро за демократијата. Ова е непочитување на пратеничката група на неговата партија затоа што едноставно се погазува сето тоа што тие го бараат. ЛДП нема да отстапи од барањата да има квалитетен Деловник, сметам дека ова воопшто е удар и за демократијата.“
На овој начин сакаат да направат дистанца и се обидуваат да се претстават себе си во позитивно светло и јас би рекол дека тоа од страна на опозицијата е повеќе од
очекувано.


Хани смета дека ова промена на СДСМ е рационален потег кој ќе придонесе за подобрување на политичкиот дијалог.

„Не верувам дека е задоцнет. Моментот е ние да ги исполниме сите критериуми, да го донесеме Деловникот и да ја искористиме последната шанса за добивање на позитивен извештај од ЕК.“

Бранко Црвенковски - лидер на СДСМ

Политикологот Владимир Мисев вели дека овој потег на СДСМ сега е добар за Македонија да има шанса да добие добар извештај од Европската Комисија, иако за политичкиот дијалог како критериум е одговорна владејачката партија, а опозицијата е само еден од актерите во таквиот однос. Тој додава дека кревањето раце од барањата во последен момент на долгоречен план и штети на политичката сцена.

„На овој начин сакаат да направат дистанца и се обидуваат да се претстават себе си во позитивно светло и јас би рекол дека тоа од страна на опозицијата е повеќе од очекувано. Одамна сме навикнати дека политичките партии во Македонија не се толку созреани да можат уште на почетокот да ги предвидуваат сите работи и да работат во интерес на сите граѓани и тоа важи за сите политички партии.“

Мисев додава дека сето ова што се случува е само подготвување на терен за предвремени извори за кои не е многу извесно дека ќе се случат токму поради рејтинзите на партиите и желбата на владеачката парија која го има мнозинството во Собранието да изгласа самораспуштање.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG