Достапни линкови

Во БиХ на избори би победиле двете Социјал демократски партии


Во Босна и Херцеговина утре почнува предизборната кампања за општите избори, кои ќе се одржат на 3 октомври. Граѓаните ќе гласаат за членови за претседателството на БиХ, за претседател на Република Српска и составот на Собранието на државно, на ентитетско и на кантонално ниво.
Во изборната трка учествуваат 63 политички субјекти - 39 политички партии, 11 коалиции и 13 независни кандидати.
За местата во триченото Претседателство на БиХ ќе се борат 20 кандидати од цела БиХ. За српскиот член на колективниот шеф на државата во трката учествуваат четворица кандидати, од кои фаворити се Небојша Радмановиќ и Младен Иваниќ. Фаворит од бошњачката страна е Харис Силајџиќ, додека кај Хрватите тоа е Жељко Комшиќ.
Според резултатите од испитувањето на јавното мислење двете најголеми социјалдемократски партии во Босна и Херцеговина би извојувале победа доколку парламетраните избори во земјата се одржат претстојниов викенд.
XS
SM
MD
LG