Достапни линкови

Азаренка се онесвести за време на мечот против Дулко


Белоруската тенисерка Викторија Азаренка се опоравува откако колабрираше на меч на „Ју-Ес Опен“ во Њујорк. Тенисерката се онесвести на теренот додека играше против аргентинката Џизела Дулко на 32 степени целзиусови. Азаренка била пренесена во болница каде докторите утврдиле дека 21 годишната спортистка има благ потрес на мозокот. Спортистката изјави дека се повредила во теретана, каде се подготвувала за натпреварот.

XS
SM
MD
LG