Достапни линкови

logo-print

Раселените ги напуштаат Колективните центри


Раселени лица од селото Матејче во хотелот ,,Кристал"

Раселени лица од селото Матејче во хотелот ,,Кристал"

Со обештетувањето што го добија од државата, раселените лица ги напуштаат Колективните центри.

Празна е летната тераса на Хотелот Кристал во центарот на Куманово. Нема детски џагор, ги нема жените матејчанки наседнати покрај прозорците во ходниците, покрај кои со часови размислуваа, плачеа, се насмевнуваа и го преживуваа минатото. Раселените Срби и Македонци од липковските села Матејче, Опае и Ропаљце се раселија по Куманово и околните населби. Собите се заклучени, а нема ниту мокри алишта пред влезовите.
Од околу 400 раселени лица во колективните центри останале уште четворица. И тие очекуваат обесштетување од државата, а потоа ќе си купат каква -таква куќа или стан и ќе добијат адреса со постојано место на живеење. Оние што заминале од колективните центри
Нема што да се зборува. Кој како ќе земе пари, си оди, сите се расеани, по Рајкова Куќа, Банево Трло,
Ново Село...
ретко се среќаваат меѓу себе. А и кога ќе се сретнат речиси и да немаат за што веќе да разговараат. Ги потрошиле сите теми. И премногу се сеќавале и тагувале за нивните запустени и пеплосани вековни огништа, нивните имоти.
Загорка Ѓелевиќ (55) и нејзиниот сопруг од Матејче, Миле Митровиќ (50) со неговата мајка од Ропаљце и Биљана Филиповиќ се последните станари на колективниот центар Кристал. Во очекување да го напуштат центарот раскажуваат дека летово немале вода, па со неа се снабдувале од фонтаните. Не се расположени за разговор, оти како што вели Загорка уште малку им останало.

„Десетмина земаме јадење, а само четворица спиеме во Кристал. Нема веќе дружење. Нема што да се зборува. Кој како ќе земе пари, си оди, сите се расеани, по Рајкова Куќа, Банево Трло, Ново Село...“

Дали одат во Матејче и знаат ли во каква состојба им е имотот Загорка вели:
Што да се сеќаваме. Веќе се заборава, не мислиме на минатото. Во Ропаљце одам еднаш во годината. Кога ќе го видам својот роден крај срцето ми се шири, ама...


„Не одиме во Матејче. Нашиот имот стои ураснат во трева. Од куќите нема ништо, а ништо не сме продале.“

Се рехабилитиравте ли малку, подзаборавивте ли?

„Не. Сакаш да сварам кафе?“

Миле Митровиќ е од Ропаљце и тој се жали дека имале проблем со водата. А за спомените:

„Што да се сеќаваме. Веќе се заборава, не мислиме на минатото. Во Ропаљце одам еднаш во годината. Кога ќе го видам својот роден крај срцето ми се шири, ама...“

Раселените за претрпен страв, за нарушено психофизичко здравје, за необработени имоти и друго ја тужеа државата за обесштетување. Со актуелната Влада пак потпишаа договор да ги повлечат тужбите, а државата да ги обесштети. Така, поголемиот дел од нив го добија обесштетувањето и се вдомија.
Радован Станојковиќ вели дека уште десетина семејства треба да ги добијат парите, но дел од нив ги напуштиле колективните центри и живеат во приватни станови, во кои станарината им ја надоместува Министерството за труд и социјална политика. Со затворањето на колективните центри по една деценија ќе се затвори и проблемот на внатрешно раселените лица. Децата пораснаа во нова средина, многумина починаа. И како што велат раселените, со текот на времето ќе се заборави и дека воопшто постоеле.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG