Достапни линкови

logo-print

Самоубиствени напади во Пакистан


Тројца бомбаши-самоубијци се разнесоа на различни места долж шиитската верска поворка во градот Лахоре во источен Пакистан. Во нападот загинале 14 луѓе, а повеќе од 100 се повредени, иако полицијата предупредува дека бројот на жртви може да расте.
Ова е последен во низата напади на сунитските екстремисти врз шиитското малцинство, кое го сметаат за неверничко, информира полицијата.
Во поворката за оплакување на калифот Али, еден од најпочитуваните шиитски светци, учествувале околу 35 илјади луѓе. По експлозиите, гневните учесници запалиле една полициска станица и најмалку едно полициско возило.
Властите го осудуваат нападот и уверуваат дека организаторите на нападот ќе бидат уапсени.
XS
SM
MD
LG