Достапни линкови

logo-print

Милошоски: Црвенковски со мали трикови изигрува голем политичар


Деловникот на Собранието не е изгласан поради калкулантското однесување на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, изјави денеска членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и шеф на македонската дипломатија Антонио Милошоски.
Тој рече дека Црвенковски сака политичкиот дијалог да биде тема која ќе може да се „продава и да се користи“ на домашната политичката сцена, но и пред меѓународната сцена.
Милошоски смета дека денешната објава на Црвенковски дека СДСМ ќе подржи каков било Деловник, ќе се врати на координациите кај спикерот Трајко Вељаноски и ќе се откаже од иницијативата за формирање собраниска комисија за контрола над трошењето на народните пари, е мал трик со кој Црвенковски изигрува голем политичар.
XS
SM
MD
LG