Достапни линкови

Црвенковски - Одговорноста е само кај Груевски


СДСМ ќе поддржи и изгласа каков било собраниски Деловник кој ќе биде ставен на изјаснување во Собранието, изјави денеска на прес-конференција претседателот на партијата Бранко Црвенковски.
СДСМ се откажува и од иницијативата за формирање собраниска комисија за контрола над трошењето на народните пари, а нејзини претставници ќе присуствуваат и на координациите кај претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски без разлика, како што рече, што таму се дискутира, дали нешто се договара и дали договореното потоа доследно се спроведува.
Партијата, според него, водејќи се од националните и државни интереси, се решила на таков чекор пред објавувањето на годишниот извештај на Европската комисија.
XS
SM
MD
LG