Достапни линкови

Реотворено обвинението за силување против основачот на Викиликс


Шведското обвинителство повторно ја отвори истрагата за силување против основачот на интернет страницата Викиликс Џулијан Асанџ. Минатата недела, главниот обвинител на Стокхолм ги отфрли обвиненијата велејќи дека нема основа за сомнеж дека Асанџ ја силувал жената што го пријавила. По жалбата на наводната жртва, сега случајот повторно се отвора.
Асанџ тврди дека е невин, и смета дека обвиненијата се масло на противниците на неговата интернет страница Викиликс која го разбесни Вашингтон објавувајќи илјадници доверливи документи за американската интевенција во Авганистан.
XS
SM
MD
LG