Достапни линкови

Полицајците на ОБСЕ се уште ги нема во Киргистан


Портпаролот на киргистанската влада рече дека тие, се уште се во преговори за распоредување меѓународна полициска мисија во земјата. По немирите во јуни, Киргистан и ОБСЕ се договорија во земјата да бидат распоредени 52 невооружени полициски советници. Претседателката на Киргистан Роза Отумбаева се уште не го потпишала указот за распоредување на меѓународните полицајци.
Има голем отпор во Киргистан против распоредување на нова мисија на ОБСЕ, и меѓу етничките Киргизи, но и меѓу Узбеците.
XS
SM
MD
LG