Достапни линкови

Најголемата авганистанска банка во опасност од пропаѓање?


Гувернерот на Народната банка на Авганистан изјави дека најголемата банка во земјата, Кабулската банка не е во опасност од пропаѓање.
Најголемите американски дневни весници(Њујорк Тајмс, Вашингтон Пост и Вол Стрит Џурнал) објавија дека Народната банка разрешила двајца директори на Кабулската банка поради наводни финансиски неправилности, вклучително и давање на огромни кредити на акционерите од банката.
Кабулската банка, сега наводно должи 300 милиони долари, сума која далеку ги надминува средствата со кои располага банката.
Гувернерот вели дека двајца директори не биле разрешени туку си поднеле оставки.
XS
SM
MD
LG