Достапни линкови

Блер: жал за жртвите во Ирак но не и за инвазијата


Поранешниот британски премиер Тони Блер во денеска објавената книга мемоари ,,Патување,, вели дека му било многу жал за војниците и цивилите кои биле убиени во ирачката војна. Но, како што додава, тој се уште верува дека било оправдано отстранувањето од власт на ирачкиот диктатор Садам Хусеин. Затоа, како што вели, воопшто не жали за неговата силна поддршка на инвазијата врз Ирак. Блер исто така изразува уверување дека доколку Хусеин останел на власт тоа ќе било поголема опсаност од хаосот и крвопролевањето што ја следеа инвазијата. Тој најави дека заработката од книгата ќе ја донира на организации кои се грижат за ранетите воени ветерани.
XS
SM
MD
LG