Достапни линкови

logo-print

В петок фудбал, Македонија-Словачка


Македонската фудбалска репрезентација во петок со натпреварот со Словачка ги започува квалификациите за ЕП во фудбал. Целта е освојување на второто место во групата.

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација в петок го започнува деветтиот циклус квалификации за едно големо натпреварување. Овојпат ќе бидеме дел од натпреварите за пласман на ЕП кое по две години ќе се одржи во Полска и во Украина, а противници во групата ни се Русија, Словачка, Република Ирска, Ерменија и Андора. Според рејтингот, во оваа конкуренција сме на четвртото место, на кое
Ме радува што секој натпревар во изминатите шест-седум меча, постигнуваме гол, така што и овој пат мислам дека сме спремни тоа да го направиме и во Словачка, да постигнеме гол, да одигреме добро и да се вратиме
непоразени.
стоиме веќе 15 години, па затоа целта во претстојната кампања ни е напредок барем за една позиција. За ваков успех имаме сили, смета селекторот Мирсад Јонуз, според кого:

„Исто така не се откажуваме од она што се вика предизвик да се вклучиме во директна борба за освојување на второ место и игра во бараж. Русија, Словачка и Ирска се можеби подобри од нас, но ние овој пат создадовме еден колектив кој што има некои новини кои што во минатиот период сме ги немале, а тоа е создавање игра и секако постигнување гол“, рече Јонуз.

Тој очекува тоа да се потврди и задутре во Словачка, против репрезентацијата која на годинашното СП во Јужна Африка се пласира меѓу 16-те најдобри и тоа по победата над поранешниот планетарен првак - Италија. Тоа говори дека противникот е фаворит, што не влијае негативно врз нашиот национален тим, кој во Братислава замина со намера да ја затресе противничката мрежа и да ја продолжи серијата од седум меча без пораз.
Јас мислам трето место. Имаме сили, дефинитивно сум убеден и во играчите и во атмосферата.


Момент од натпреварот Работнички-Ливерпул на 29 јули

„Ме радува што секој натпревар во изминатите шест-седум меча, постигнуваме гол, така што и овој пат мислам дека сме спремни тоа да го направиме и во Словачка, да постигнеме гол, да одигреме добро и да се вратиме непоразени“, додаде селекторот Јонуз.

Дополнителен адут за оптимизам му се и изјавите на репрезентативците дека пласман под третото место во групата ќе биде неуспех. Со тоа се согласуваат и љубителите на спортот, кои, вообичаено, се надеваат и на нешто повеќе од само еден чекор напред.

„Со малку среќа мислам дека можеме да го освоиме второто место во групата. Оваа генерација со Горан Пандев има сили за таков успех и верувам дека тоа и ќе го потврдиме во овие квалификации.“

„Што знам како сме малерозни ние... Секогаш Македонија може да ’киксне‘, да изигра и најдобро со најдобрите и најлошо со најслабите, така што очекувам дека овој пат ќе поминеме подобро и дека ќе се видиме на малите екрани со големите екипи.“

„Јас мислам трето место. Имаме сили, дефинитивно сум убеден и во играчите и во атмосферата“, изјавија анкетираните граѓани.
XS
SM
MD
LG