Достапни линкови

Реџепи: специјалци на северот на Косово


Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи изјави дека на северот на Косово, според потребите, веќе дејствувале специјални сили на косовската полиција. ,,Пред повеќе од еден месец кажав дека според потребите специјаците ќе го зајакнуваат своето присуство на север. Тоа и се случи. Работиме во координација и со Еулекс, но ако акцијата е во тек и независно од нив,, рече Реџепи кој додаде дека специјалците дејсвуваат во одреден момент и оти не се постојано стационирани таму.
XS
SM
MD
LG