Достапни линкови

Нетанјаху: казна за сите кои пролеваат израелска крв


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе бидат казнети сите оние што пролеваат крв на израелски цивили. Тој ова го кажа пред состанокот во Вашингтон со американскиот државен секретар Хилари Клинтон. На два дена пред обновата на блискоисточните преговори во Вашингтон, вооружен палестинец вчера во Западниот брег уби четворица израелци. Палестинската управа го осуди нападот за кој одговорноста ја презеде оруженото крило на палестинското движење Хамас.
XS
SM
MD
LG