Достапни линкови

Шест годишнина од маскарот во Беслан


Со повеќе комеморации денеска во Беслан се одбележува шестата годишнина од маскрот во едно основно училиште во тој град во руската република Северна Осетија. Во почетокот на учебната година во 2004 година вооружени чеченски милитанти ја презедоа контролата врз училиштето при што задржаа над илјада и сто заложници, повеќето деца. По тридневната заложничка драма, руските безбедносни сили влегоа во зградата и во борбите со милитантите загинаа најмалку 300 луѓе, половината од нив деца. Во јавноста се уште се поставува прашањето за тоа како руските власти се справија со кризата.
XS
SM
MD
LG