Достапни линкови

Гејтс во ненајавена посета на Ирак


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс изутрината допатувал во ненајавена посета на Ирак. Тој попладнето ќе присуствува на примопредавањето на командата врз американските сили во Ирак меѓу генералите Реј Одиерно и Лојд Остин. Претседателот Барак Обама синоќа објави крај на американската борбена мисија во таа земја. Сепак таму до крајот на идната година ќе останат уште 50 илјади американски војници кои ќе ги обучуваат ирачките безбедноси сили.
XS
SM
MD
LG