Достапни линкови

Заврши заложничката драма во Битола


Битолската полиција синоќа ги ослободи од заложништво Борче и Марија Ангелевски, кои речиси цел ден по семејна расправија во станот во кој живеат во населбата „Грозд“ беа затворени од својот син, четириесетгодишниот Сашо Ангелевски. Како што јавува МИА, подоцна на полицијата и се предал и Сашо, кому му е пружена соодветна медицинска помош. Портпаролот на СВР-Битола Ѓоко Стрезовски потврди дека заложничката драма е под контрола и дека никој не е повреден.
XS
SM
MD
LG