Достапни линкови

logo-print

Обама го објави крајот на борбената мисија во Ирак


Борбената мисија на САД во Ирак е завршена и од сега Ирачаните се одговорни за безбедноста во својата земја, изјави американскиот претседател Барак Обама во телевизиското обраќање по повод повлекувањето на борбените сили од оваа земја. Тој истакна дека по жртвите на Американците и Ирачаните за време на војната, сега е време да се сврти нова страница. Сега е неопходно што е можно побрзо да се придвижи американската економија, рече Обама, додавајќи оти тоа е главна задача, како и вработување на милионите Американци кои ја загубиле работата поради последиците од финансиската криза. Операцијата Слобода за Ирак траеше седум и пол години, во кои загинаа нешто повеќе од 4 илјади и 400 американски војници. Во Ирак остануваат уште 50 илјади трупи кои ќе бидат вклучени во обуката на ирачките сили, а планирано е сите американски војници да бидат повлечени од оваа земја до крајот на идната година.
XS
SM
MD
LG