Достапни линкови

Од денеска забрането пушењето во Грција


Во Грција денеска стапува во сила новиот закон за забрана на пушењето во затворени јавни простории. Во фирмите нема да биде дозволено да се пуши ниту во засебни простории, а оние што ќе го прекршат законот ќе бидат казнети со 50 до 500 евра, а нивните имиња ќе бидат забележани во база на податоци за прекршители. Фирмите ќе мора да платат казна меѓу 500 и 10 илјади евра. Во Грција пушат 42 насто од населението постари од 15 години, што е многу повеќе од просекот во ЕУ, кој изнесува 29 проценти.
XS
SM
MD
LG