Достапни линкови

Србија е подготвена за компромис за резолуцијата за Косово


Србија е подготвена за компромис околу нејзиниот предлог за резолуција за Косово во Генералното собрание на ОН, за тоа да биде прифатливо и за Белград и за меѓународната заедница, изјави српскиот претседател Борис Тадиќ за време на посетата на британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг на Белград.
Исклучена е единствено можноста за компромис во врска со признавањето на независноста на Косово, изјавил претседателот на Србија.
Борис Тадиќ го информираше британскиот министер за надворешни работи, дека Србија смета на помош од Европската Унија во решавањето на прашањето за Косово и го истакна ставот дека до решение за Косово треба да се стигне преку дијалог меѓу Белград и Приштина, јави српската државна телевизија.
Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Вилијам Хејг оцени денеска дека најлесен начин Србија да направи компромис со ЕУ да се повлече резолуцијата за Косово упатена до Генералното собрание на ОН.
XS
SM
MD
LG