Достапни линкови

Интензивни преговори за обединување на Кипар


Кипарскиот претседател Димитрис Христофиас и лидерот на кипарските Турци Дервиш Ероглу се договорија на денешната средба да одржат нови интензивни преговори за кипарскиот проблем, објави електронското издание на кипарскиот весник „Филелефтерос“.
Редовната средба меѓу двајцата лидери ќе се одржи на 3 септември. По тоа ќе следат два круга интензивни преговори на 7 и 10 септември.
На разговорите во септември Христофиас и Ероглу ќе продолжат да разговараат за спорните прашања за недвижниот имот, изјави специјалниот советник на генералниот секретар на ОН за прашањето за Кипар, Александар Даунер.
Даунер изрази претпазливост за постигнувањето на договорот за обединување на Кипар до крајот на годината.
XS
SM
MD
LG