Достапни линкови

Басиџиите ја опколиле куќата на иранскиот опозиционер Каруби


Околу 50 членови на иранските парамилитарци Басиџии ја околиле куќата на опозициониот лидер Мехди Каруби, пишува на неговата интернет страница. Станува збор за доброволци лојални на Ајатолахот Али Каменеи. Каруби претходно најави дека ке учествува на анти израелските собири познати како денот на Ерусалим. Каруби, како и другиот опозиционен лидер Мир Хосеин Моусави и порано беа цел на напади на басиџиите.
XS
SM
MD
LG