Достапни линкови

logo-print

Двајца починати од „Западен Нил“ во Романија


Две лица починаа во Романија кои беа заразени од вирусот „западен нил“, соопшти романското Министерство за здравство.
Според податоците на Министерството, со вирусот досега во Романија се заразени седум лица.
Вирусот во регионот на крајот на јули првпат е откриен во Грција, каде досега девет лица починаа, додека над сто се заразени.
Реткиот вирус предизвикува менингитис и енцефалитис, но смртниот исход се случува кај пет отсто заболени. Жртвите на вирусот најчесто се постари лица, а го пренесуваат комарци.
Вирусот го носи името „западнонилски вирус“ откако првпат е откриен во Уганда во 1937 година, во покраината Западен Нил. Во некои земји го нарекуваат „нилска грозница“.
XS
SM
MD
LG