Достапни линкови

logo-print

Новата Комисија на Карзаи за разговор со Талибанците во четврток


Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи ке формира нова комисија за отворени разговори со Талибанците, во обид да стави крај на војната. Ова го изјави неговиот портпарол Симак Херањи кој додаде дека имињата на членовите на комисијата ќе бидат објавени во четвртокот. Меѓу нив ке има поранешни талибанци, борци на џихадот и членови на Хизби и Ислами. Новиот комитет беше одобрен во јуни на состанокот на Лоја Џирга во Кабул. Талибанците во неколку наврати ги отфрлија понудите на Карзаи за разговори.
XS
SM
MD
LG