Достапни линкови

Македонија веројатно нема да ја поддржи резолуцијата на Србија во ОН


Постојат големи изгледи Македонија да не ја поддржи српската предлог резолуција за Косово која ќе биде на дневен ред на Генералното Собрание во ОН на 9 септември, јавува агенцијата МИА повикувајќи се на извори во министерството. Како што се додава, одлуката ќе биде донесена врз основа на неколку параметри, имајќи ги предвид дипломатските односи на Македонија со Косово и со Србија, како и неодамнешното мислење на Судот во Хаг за легалноста на декларацијата за независност на Косово.
XS
SM
MD
LG