Достапни линкови

Албанија лобира за признавање на Косово


Албанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Илир Мета денеска отпатува на турнеја по земјите од Централна Америка, каде што ќе води кампања за признавање на независноста на Косово, јави агенцијата АТА. Како што се истакнува во Тирана, ова е дел од подготовките за заседанието на Генералното собрание на ОН, во чии рамки на 9 септември ќе се оддржи расправа за нацрт резолуцијата за Косово, која ја поднесе Србија по мислењето на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
XS
SM
MD
LG