Достапни линкови

logo-print

Португалскиот државен секретар за европски прашања во Македонија


,,Португалија и дава целосна поддршка на Македонија во нејзините евроатлантски интеграции,, изјави денеска државниот секретар за европски прашања на Португалија Педро Лутрие кој престојува во еднодневна посета на Македонија. Истакнувајќи ги спроведените реформи на патот кон Европската унија и НАТО тој сепак, порача дека треба што е можно побрзо да се реши прашањето за името. ,,Нашата позиција е иста со онаа на членките на ЕУ и на ОН. Проблемот треба да се реши што е можно побрзо, затоа што нашата главна цел е Македонија што побрзо да започне со преговори за полноправно членство во Унијата, изјави Лутрие по средбата со вицепремиерот задолжен за европски прашања Васко Наумовски.
XS
SM
MD
LG