Достапни линкови

logo-print

Партиското финансирање, непознаница?


Непознатите извори на финансирање на партиите, а и начините како ги добиваат средствата допринесува и натаму корупцијата да вирее.

Увидот во начинот на изворите на финансирање на политичките партии покажува дека има нерегуларнсоти во нивниот начин на работа. Непознатите извори од каде им доаѓаат парите а и начините на кои добиваат сретствата допринесува и натаму корупцијата да вирее. Се сведуваме на тоа партиите да ги пријавуваат потрошените средства. Има исчекор и во подобрувањето на регулативата, но тоа не е
Ние сме имале неколку такви случаи со оглед на тоа дека се спори институциите во државата и затоа сметаме дека превентивното делување, значи навреме да се стават филтрите таму каде што треба е најефикасно сега за сега
доволно. На ова укажува и претседателот на Државната комисија за спречување корупција Иљми Селами. Комисијата навреме реагира и постојано укажува дека законите треба да се менуваат во делот на прикажувањето на изворите, но таквите укажувања не беа навремено прифатени, вели Селами:

,,Откако ќе се случат работите ние како Државна комисија се јавуваме како интервенција во Јавното обвинителство и во другите институции, но неможе да се каже дека тоа е најсреќно решение. Ние сме имале неколку такви случаи со оглед на тоа дека се спори институциите во државата и затоа сметаме дека превентивното делување, значи навреме да се стават филтрите таму каде што треба е најефикасно сега за сега."

Сите политички партии велат дека имаат наменски сметки кои овозможуваат да се изврши увид во средствата кои ќе се користат во изборите. Тоа според Аријанит Хоџа од Нова Демократија е апсолутна погодност да се види дека кај нив нема можност за користење анонимни извори:

,,Може во секој момент во јавноста да се обзнанат бидејќи ги има и во формуларите доставени во Државната Комисија и во институциите каде што тоа се бараше."

Во СДСМ велат дека како сите поголеми партии имаат два начина на финансирање од кој едниот е од буџетот и чланарината на членовите:

,,Дел од финансиите за предизборна кампања доаѓа од донации, но тоа е регулирано со закон. СДСМ нема блокирано сметка за разлика од ВМРО ДПМНЕ кои што кога беа во опозиција имаа долго време блокирана сметка така што од тој аспект прилично е чиста ситуацијата." реагира Гордан Георгиев.

Во делот на регулативата вториот значаен момент е тоа што изборниот законик предвиде извештаите партиите да ги направат по завршувањето на кампањата во рок од 15 дена. Досегашните циклуси избори по увидот во документите што го даваат организаторите на изборната кампања покажуваат дека се трошат неколку кратно повеке пари од тоа што законите го дозволувале.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG