Достапни линкови

logo-print

Малики: Ирак станува независен


Ирачкиот премиер Нури ал Малики денеска изјави дека Ирак стекнува независност со крајот на американските борбени операции во земјата. Во телевизиското обраќање тој оцени дека ирачките сили се способни да ја преземат целосната одговорност за безебедноста на Ирак. И претседателот Барак Обама денеска треба да има телевизиско обраќање за да го означи крајот на борбените операции во таа земја. Сепак, Соединетите држави остануваат во Ирак со 50 илјади вооружени војници за да ги тренираат ирачките сили. Тие би требало да заминат до крајот на идната година.
XS
SM
MD
LG