Достапни линкови

САД подржува двојно име за Македонија, пишува Етнос


САД го потчукнаа Скопје по рамото“, така грчкиот весник „Етнос“ ја коментира последната изјава на американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер дека позицијата на Вашингтон за решавање на грчко-македонскиот спор не предвидува промена на уставното име ниту на Уставот на земјата.
Весникот наведува дека со изјавите на Рикер во интервјуто за скопската телевизија „Алфа“, тој де факто застапува прифаќање на „двојно име“ како решение на спорот меѓу Скопје и Атина односно да се најде компромисно решение што би ја заменило референцата ПЈРМ, а името Република Македонија би останало за внатрешна употреба и за билатерална комуникација со државите кои веќе го признале уставното име.
Филип Рикер, додава весникот, уверува дека решението на спорот нема да го засегне македонскиот идентитет и јазик.
Весникот коментира дека изјавите на амбасадорот на САД во Скопје доаѓаат во пресрет на очекуваната нова иницијатива од посредникот на ОН Метју Нимиц за решавање на прашањето за името и во време кога се бара формула за надминување на безизлезната ситуација во преговорите за името.
XS
SM
MD
LG