Достапни линкови

logo-print

Вооружена престрелка кај Ќафасан - еден загинат


Едно лице почина, а друго е тешко повредено во оружена престрелка што се случила синоќа во близина на граничниот премин „Ќафасан“ кај Струга.
Во инцидентот, според првичните сознанија na МВР, лице од Струга пукало кон татко и син од струшкото село Делогожда, по што побегналo. Полицијата по кратко време го пронашла и привела напаѓачот, а на информативен разговор биле повикани повеќе лица кои биле сведоци на инцидентот.
Tаткото и синот веднаш се префрлени во струшката општа болница. Но, поради сериозноста на повредите и обилното крварење таткото по кратко време им подлегна на повредите, соопштуваат од струшката општа болница.
Синот врз кој е извршен оперативен зафат се бори за живот.
XS
SM
MD
LG