Достапни линкови

Прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија


Министерот за локална самоуправа Муса Џафери и бугарскиот министер за регионален развој Росен Плевнелиев денеска во Софија ќе потпишат меморандум за разбирање за реализација на Програмата за прекугранична соработка чии приоритети се економски развој, социјално зближување и подобрување на квалитетот на живот.
Програмата е одобрена од Европската комисија на 14 декември 2007 година, а средства за нејзино спроведување се обезбедени преку Инструментот за претпристапна помош и од државните буџети на двете земји.
Со вкупно 14,3 милиони евра за периодот 2007 - 2011 година, ќе се реализираат проекти во Ќустендил и Благоевград и во три реони на Македонија. Првите понуди по објавата лани, се во фаза на оценување.
XS
SM
MD
LG