Достапни линкови

Во Мексико уапсен мафијашкиот нарко бос Ла Барби


Властите во Мексико го уапсија Едгар Валдез Виљареал мафијашки нарко бос познат како Ла Барби. Ова е трета акција на мексиканските власти против нарко мафијата. Во Јули во престрелка беше убиен Игнасио Начо, а претходно во Декември лидерот на Картелот Леива – Артуро Бертран Леива. Апсењето на Ла Барби доаѓа откако мексиканската полиција соопшти дека околу 35 илјади федерални полицајци или околу 10 насто од полицијата е отпуштена од работа поради корупција и поврзаност со бандите.
XS
SM
MD
LG