Достапни линкови

Собранието за завршната сметка за 2009 и кредити кај ММФ и Светска Банка


Собранието на Република Македонија денеска ќе ја разгледа Предлог завршната сметка на Буџетот на Република Македонија за 2009 година и Годишниот извештај на Државниот завод за ревизија за 2009 година.
На дневен ред на седницата се и Предлог-законот за задолжување на Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој за проектот за подобрување на железничката пруга на Коридорот 10, како и измените и дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај и Законот за јавните патишта, сите во прво читање.
Пратениците ќе расправаат и за предлог-одлуките за задолжување на Република Македонија кај Светска банка, како и за регулирање на обврските кон Меѓународниот монетарен фонд по основ на користење на средствата од општата и специјалната нето кумулативна алокација на специјалните права на влечење.
XS
SM
MD
LG