Достапни линкови

logo-print

По Вестервеле, денеска и британецот Хејг во Белград


Шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг денеска ќе престојува во официјална посета на Србија. Ова е втора посета на министер за надворешни работи на една земја на ЕУ на Белград за неполна седмица, по минатонеделниот престој на шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле, што српските медиуми го толкуваат како засилен присток врз Србија да ги реши проблемите со Косово и да ја прифати косовската независност.
Главна тема на разговорите на Хејг со неговите српски домаќини се очекува да биде предлог-резолуцијата за Косово што Србија ја достави до Генералното собрание на ОН, но и состојбата во и околу БиХ.
XS
SM
MD
LG