Достапни линкови

Наместо за комуникација со граѓаните, македонските политичари ги користат интернет медиумите за сопствена промоција.

Генералниот секретар на НАТО, Андес Фог Расмусен, на својот Фејсбук-профил објави дека неговата ќерка се породила. На неговиот профил може да видите каде тој патува, со кого ќе се сретне или кои се неговите ставови за битни прашања поврзани со случувањата во алијансата. Многу светски политичари ги користат социјалните медиуми за комуникација со јавноста. Тие на своите веб-страни и
Таа се уште не е на тоа ниво, затоа што веднаш се активираат партиските
штабови.
интернет профили разговаат со граѓани или водат политички дебати.


Македонските политичари велат дека го
Профилот на Андрес Фог Расмусен на Фејсбук
користат интернетот за промовирање на нивните ставови и активности, но експертите велат дека тие најчесто ја „промашуваат темата“, односно не ги почитуваа основните правила на комуникација која треба да биде интерактивна, а не да се објавуваат само политички соопштенија.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев вели дека користи комбинација на традиционалните со новите медиуми за соопштување на личните гледишта за определени прашања, но и за следење на противничкиот табор.

„Мислам дека во Mакедонија, Твитерот не зазеде замав, нема многу расположение да се користи, иако има одреден број корисници. Фејсбукот е подоминантен, така што таму може да се видат и ативностите на политичките соперници, нивните дебати, семинари, собири, митинзи и слично. Колку што тие ги гледаат нашите, ние ги гледаме нивните.“
Јас не сум видел ниту на профилот на премиерот, ниту на профилот на претседателот на СДСМ дека тие иницирале некое прашање, да ги прашале граѓаните за нешто. За жал тие профили не се користат на вистинскиот начин, тие се користат само како едно пано за реклама.

Пратеникот на СДСМ, Владо Бучковски вели дека тој лично не сака да се презентира преку социјалните медиуми, но партијата во последнава година на таков начин интезивно комуницира со симпатизерите и членовите. Тој додава дека и на социјалните мрежи се води нечиста политичка дебата.

„Ќе се види дека и таму, за жал, доминира говорот на омразата и пизмата која всушност е карактеристична за нашето општество. Повеќе ние го користиме тој вид на комуникација со добронамерните, а секој пат си изложен на ризик да од противничкиот, ривалскиот табор тоа се злоупотреби... тоа е тоа, тоа е пресметан ризик.“

Андерј Жерновски од ЛДП вели дека политичката дебата на социјалните медиуми не е на задоволитено ниво.

„Таа се уште не е на тоа ниво, затоа што веднаш се активираат партиските штабови, тоа може да се види лесно преку коментарите што ги оставаат ’граѓаните’ што се најчесто партиските членови и симпатизери, на медиумите.“

Експертот за нови медиуми, Зоран Ричлиев вели дека политичарите ги користат своите Фејсбук-профили за да пофалат кој има повеќе симпатизерите кој ги сметат за веќе добиени гласови.

„Јас не сум видел ниту на профилот на премиерот, ниту на профилот на претседателот на СДСМ дека тие иницирале некое прашање, да ги прашале граѓаните за нешто. За жал, тие профили не се користат на вистинскиот начин, тие се користат само како едно пано за реклама, една платформа за пласирање на веќе напишани говори. Не постои вистинската интеракција.“

Ричлиев смета дека последица од тоа е некултура на користење на социјалните платформи.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG